Шефот на Институтот за eвропски политiки од Софија, Димитар Бечев, вели дека по сите закани и уцени од Софија на средбата меѓу Борисов и Заев идната недела може да дојде до решение по кое бугарскиот премиер ќе биде позитивна личност пред ЕУ и НАТО.
Бечев забележува дека додека Захариева, Каракачанов и останатите политичари кои ја напаѓаат и уценуваат Македонија со влезот во ЕУ Борисов не се појавува во јавноста на оваа тема.
“Главниот човек што носи одлука, премиерот Борисов се држи далеку од јавноста. Неговиот состанок со Заев на 10 ноември може да продуцира компромис кој тој би го продал дома и потоа да бара заслуги од Брисел за тоа што го решил проблемот”, смета Бечев кој минатата недела порача дека тоа што Софија му го прави на Скопје е нечесно.
Бугарски научник: Тоа е што Бугарија и го прави на Македонија е срамно





