По скандалозната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариевам дека „Бугарија е подготвена да ја потврди сегашната реалност, но Македонија треба да ја признае историската вистина-бугарските корени на македонската нација”, реагираа Македонците во Албанија кои гравитираат околуМАЕИ, Македонска алијанса за европска интеграцијаи од Македонскотото друштво „Илинен“ – Тирана.



„ Македонците во Албанија изјавата на министерката Захариева ја осудуваат и ја сметаат за несоодветна и недолична. Недозволливо е висок државен функционер, како министер за надворешни работи, да ја злоупотребува позицијата за потценување на Македонците и Македонија. Во истоврме најостро ја осудуваме злоупотребата на правото на вето на Бугарија во Европската Унија“, стои во реакцијата на друштвото „Илинден”- Тирана..

Исто така се осудува денационализаторската мисија на Бугарија во обидот Македонците да ги прикаже како Бугари.

„Точно тоа, преку своето членство во ЕУ, Бугарија го користи со последната изјава на министерката за надворешни работи, Захариева која кажа една историска лага. Со оглед на тоа што Европската Унија се декларира како демократски сојуз на држави, македонското друштво „Илинден”-Тирана во име на Македонците во Албанија бара од европските институции да им наложат на бугарските власти да се однесуват европски, се наведува во реакцијата на МД„Илинден”Тирана. /МИА