Гералд Кнаус од Европската иницијатива за стабилност, реагираше на Твитер на вчерашната изјава на министерката за надворешни на Бугарија, Екатерина Захариева дека акедонија треба да признае дека македонските јазик и идентитет имаат бугарски корени.



„Замислете Шведска да ѝ го прави тоа на Норвешка. Чесите ова да им го кажат на Словаците. Апсурдно? Да! Тоа е она што го прави Бугарија, уривајќи го кредибилитетот на политиките на ЕУ за Балканот“, пишува Кнаус.