Во емисија на албанската Тв Клан претседателот, Илир Мета, обвини дека Албанија е заложник на банда, контролирана од Сорос.
Тој повика народот мора еднаш и засекогаш да ја земе судбината во свои раце.
„Еди Рама се претвори во непријател на албанскиот народ. Мојата задача е да се залагам за Уставот и политичкиот плурализам.Рама е тој што ги протера младите од земјата, тој кој им наредува на армиските генерали да не доаѓаат кај претседателот, значи дека државата е заложник на банда контролирана од Сорос. Време е народот да ја земе судбината во свои раце“, Мета.
Според претседателот на Албанија 25 април, за кога се закажани парламентарните избори, е првата битка што започнува да го обновува уставниот поредок во Албанија“.
Референдум на 25 април и по овој ќе има и други референдуми, порача Мета.




