Според Изборниот Законик од распишување на изборите до нивното официјално завршување не треба да се трошат буџетски средства и да има нови вработувања.



Поради ова, предвремените избори за градоначалник во Штип може да ги остават без лекови пациентите во штипската Клиничка болница

Најкритичен е кислородот, бидејќи само во септември се потрошило приближно како цела година лани. Се расипале и некои од регулаторите на боците за кислород, неопходни за одредување на дозите на пациентите.

Но, поради забраната за јавни набавки и итноста, за нив ќе се бараат донации. Проблем до крајот на годината може да се јави и со заштитната медициска опрема за вработените.

Во Штип за градоначалник во прв круг треба да се се гласа на 13-ти декември, откако поранешниот прв човек на градот Благој Бочварски се пресели во извршната власт.