Најмалку осум лица загинаа, а повеќе стотини лица се повредени во земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала што го погоди егејскиот брег на Турција и Грција, jaви Си-ен-ен.



Земјотресот се случи во 13:51 часот по локално време со епицентар на морската зона на 19 км северозападно од опстровот Самос и на околу 17 км од брегот на провинцијата Измир. Земјотресот се почувствувал во Атина и Истанбул, па дири и во Софија.

Според првуични извештаи во Измир загинале 6 лица а над 200 се повредени. Една од жртвите се удави како резултат на цунамито по земјотресот, што предизвика поплавување во некои делови на покраината.

На грчкиот остров Самос, кој беше најсилно погоден од земјотресот, двајца тинејџери кои се враќале од училиште починале од ѕид од стара зградакој се урнал врз нив.

https://twitter.com/i/status/1322152270000279553