„ Сите држави во светот, а секако и СЗО и УНИЦЕФ препорачуваат училиштата да останат отворени. Секаде во свет се отворени. Ние немаме голем број. Тоа што е важно за нашиот систем, за нашата држава е да имаме континуитет во наставата и ние ќе се залагаме за истото“, рече министеркта за образование Мила Царовска.
Според неа, процентот од вкупен број на ученици само 0,05 проценти се заразени и само 0,6 % кај наставници.
„Што значи не надминуваме ниту еден процент, немаме ширење на ковид во училиштата внатре. Се додека не се создадат услови за затворање ние би останале на овој модел“ , рече Царовска во изјава за медиумите по средбата со наградени ученици на меѓународни олимпијади за информатика.
Истовремено, министерката соопшти дека 60 ученици и 160 наставници на ниво на држава кои се со физичко присуство во училиштата се активни на ковид-19.





