Актерката Џулија Робертс пред неколку дена пристигна и престојуваше во Белград, а во нејзина придружба беше целото семејство, сопругот Даниел Модер и нивните деца Haзел Модер, Винеј Валтер Модер и Хенри Даниел.

Семејството на холивудската дива остана во Белград неколку дена бидејќи сопругот на Џулија тука работи на нов филмски проект. Џулија Робертс прв пат беше забележана кога се прошета низ познатата улица Кнез Михајлова и тоа во потполно релаксирана верзија, а потоа таа и нејзиниот сопруг ручаа во еден елитен ресторан во главниот српски град.
Интересно, добитничката на Оскар првите два дена во Белград секаде одеше без особена придружба, но откако од медиумите се дозна дека е во Белград, актерката мораше малку ги промени правилата на однесување.

И додека децата и нејзиниот сопруг се уште слободно шетаа по улиците на Белград, Џулија од хотелот излегуваше само во затемнет џип. И покрај тоа што веќе не можеше да се види нешто преку црното стакло, актерката седеше на задното седиште и фотографите не можеа да ја сликаат. Ова воопшто не е чудо, бидејќи однесувањето на Џулија е исто и во Холивуд. Познато е дека на „Убавата жена“ не и се допаѓаат папараците и не сака премногу внимание, освен кога станува збор за премиери на нејзините филмови.

Од Србија познатото семејството замина во Хрватска, поточно во Сплит каде нејзиниот сопруг, како директор на фотографија со филмската екипа е во потрага по нови локации за снимање на филмот со наслов “Во љубов со диџеј.”




