Еден од водечките новинари на СДСМ близок на премиерот Заев, Бранко Тричковски, со нов јавен излив на говор на омраза упатен кон лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.
Во текстот за кој Тричковски дава детали што ги замислува тој тврди дека Мицкоски ја заслужува смртта и се смее отакако ќе ја каже фразата “Вечна му слава”.
Во пост со наслов “Погреб” Тричковски анализира што ќе се случи “ако од Ковид 19 (или 20, сеедно), умре Христијан Мицковски?”.
Постот на Тричковски кој е доволна причина со него како пример на говор зжна омраза да се занимава Јавното обвинителство.
Погреб!
Брејкинг њуз на Алфа и Телма.
Трогателно читање на телеграмите со сочувство од Заев, Груевски, Мане Јаковлевски, Митко Јанчев.
Ненадоместлива загуба.
Нека почива во мир.
Во рајскиот свет без вонредни конгреси и оставки.
На чист воздух.
Без мафија.
Македонија ќе влезе во Европската унија и ќе го оствари идеалот за кој тој го положи својот живот на олтарот на Татковината.
Со се Гоце, да нема недорабирања.
Христијан тоа го заслужува.
Вечна му слава
Хахаха!
Па, тоа не е малку, драги мои.
Воопшто не е малку!






