Д-р Лазаров: Ако неделава имавме 600-800, идната ќе има по 1.200-1.300 случаи на Ковид-19 дневно

„Веќе не се издржува, преморени сме. Но, допрва ќе доаѓа најлошото. Ова е очекувано, со оглед на однесувањето на многу луѓе. Оваа бројка е од заразени од минатата седмица, па ќе доаѓаат нови кои во меѓувреме се заразиле.



Ако оваа седмица имаме од 600 до 800 случаи, наредната седмица треба да очекуваме 1200-1300 случаи дневно“, вели д-р Ненад Лазаров, матичен лекар, во интервју за „Фокус“ .

Како што додаде матичниот лекар, мора рапидно да се зголеми бројот на тестирања и поголем број на луѓе да се ставаат во изолација.

Досега се направени вкупно 243.357 тестирања на Ковид -19, а најголем дел од заразените се од Скопје.