Грозданов: Претседателот наш ашлак, копук или шутрак???

Медиумскиот експерт Виктор Грозданов ја анализира улогата на претседателот Пендаровски во две теми од висок јавен интерес.



“Кога „големиот советнички“ тим на чело со Катерина Цаневска на некогашниот Стево т.н. Претседател на Македонија ќе тргне да му рецитира како некој од типот на Виктор Грозданов познат како ГРОМ-овецот на Стевче Јакимовски дека го навредил со насловот на оваа колумна прво треба да земе и да прочита основни работи за нашиот ненасушен и секогаш двосмислен МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК.

Зборовите се вистински глобтротери. Тие, без некои поголеми пречки и ограничувања, патуваат од еден во друг јазик, правејќи кружен пат околу светот, при што, патем, често се случува да го изменат своето првобитно значење.

Инаку лицето В.Ш. како составувач на првиот македонски Лексикон на странски зборови и изрази е свесен за одговорната задача, јас со крајна благодарност ќе ги објаснам на крајот од колумната изразите од почетниот наслов. Ќе биде своевидно изненадување за големата г-ѓа Советник за односи за јавност Катерина Цановска.
Впрочем нема потреба да чекаме до крај за да објаснам што значат овие изрази кои се користат во погрешна конотација од неначитаниот свет. Со цел да нема погрешни заклучоци, нели:

Ашлак значи мангуп човек ама и неранимајко
Шутрак значи Несмасен Човек
Копук значи Сиромав, Беден Човек

Нашиот некогаш Стево, а сега како демек голем Претседател на Нашата Држава (во негов стил) имам намера да го критикувам за две работи:
1. Гоце Делчев
2. Пописот во Македонија

Дигресија 1: Го замолувам Претседателот на Нашата Држава (за мене Македонија) да престане да игра сплеткарошки игри во корист на моменталната владеачка структура, а се со цел рушење на Христијан Мицкоски од позицијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ и лидер на опозицијата.
Дигресија 2: Го замолувам Претседателот на Нашата Држава (за мене Македонија) да разбере дека Христијан Мицкоски е само нормален човек кој си ја сака сопствената држава Македонија, кој се изреализирал образовно како научник, не е криминалец и не дозволува Власта на СДСМ да ја контролира опозицијата преку свои далечински теледиригирани мапет политичари.
Дигресија 3: Џабе шурување со дипломатскиот естаблишмент дека Христијан Мицкоски е антизападно расположен зошто заедно со сите нас од опозицијата кои безрезервно го поддржуваме го имаме следниот Заклучок од дигресиите: Шампионот не е дефиниран по неговите победи, туку по начинот на закрепнувањето откако нема да успее”, пишува Грозданов во колумна за Нетпрес за која од кабинетот на Пендаровски немаше јавна реакција или демант.

Цела колумна на овој ЛИНК