Универзална сала нема да се руши, туку ќе се реконструира во сегашниот облик и големина, а средствата за таа намена треба да се добијат од претстојниот ребаланс на Буџетоткоj треба да биде изгласан деновиве, соопшти градоначалникот Петре Шилегов на денешната седница на Советот на Град Скопје.
Владата и на Министерството за култура ќе издвојат 2 милиона евра со ребалансот на државниот Буџет, кои како што посочи градоначалникот Шилегов, по носењето на ребалансот овие средства ќе бидат префрлени на посебна наменска сметка на Град Скопје.




