Макрон: Франција е нападната!

Франција е под напад, изјави претседателот Емануел Макрон денеска откако напаѓач обезглави една жена и уби уште две лица во црква во Ница.



Макрон најави дека ќе испрати дополнителни илјадници војници на улиците за да ги заштитат местата како училиштата и црквите.

Говорејќи на местото на терористичкиот напад, францускиот лидер рече дека Франција била нападната „поради нејзините вредности, желбата за слобода и можноста да има верски слободи на нејзино тло“.

„Денес, повторно разјаснив: нема да попуштиме“, изјави Макрон.

Во меѓувреме, државната телевизија на Саудиска Арабија објави дека еден Саудиец бил уапсен во градот Џеда откако нападнал и повредил чувар во францускиот конзулат.

Француската амбасада објави дека станува збор за напад со нож, дека нападнатиот е во болница но дека дека не му е загрозен животот.