Пари Сен Жермен го подготвува најголемиот париски плоштад Конкор за промоција на својот најнов играч, досегашниот член на Барселона, Нејмар. Бразилецот утринава бил во тренинг кампот на Барса, но не тренирал, туку само се поздравил со соиграчите и со стручниот штаб и заминал, што е јасен показател дека си заминува од Камп Ноу. Каталонците според тоа наскоро ќе добијат 222 милиони евра кои практично и не ги сакаа зошто немаа потреба да го растураат убиственото трио Меси-Суарез-Нејмар кое во минатите години им донесе и трофеј во Лигата на шампионите, и неколку во Примера и во Копа Деј Реј, и кое допрва требаше да владее со светскиот фудбал.



Целата ситуација треба да биде затворена за неколку дена, по што Бразилецот и официјално ќе стане најскапиот играч во светот и ќе заработува 30 милиони евра годишно.