Доктор Нико Беќаровски, директор на Токсикологија, не се согласува со сегашната пракса во која заразните со ковид-19 се лекуваат по телефон.
„Тука е малку дискутабилен и начинот, со кој јас лично не се согласувам, а тоа е преку телефон да се води медицина. Друго е кога пациентот ќе го види стручно лице, односно доктор. Барем еден контакт секој од болните мора да има или со својот матичен лекар, или со друг доктор, кој што ќе процени. За жал не е така според сегашната процедура. Ние дојдовме до ниво на телефонска и онлајн медицина. За жал, пациентот, односно испитаникот некогаш не може да го препознае својот симптом. Можеби кога ќе го види докторот ќе препознае некој од симптомите кои вака самиот не може да ги каже“, рече Беќаровски во гостување на емисијата Топ тема на Телма и истакна дека има грешки и во третманот на пациентите кај кои е дијагностициран коронавирусот.
Околу објаснувањето дека пациентите доаѓаат доцна, тој рече дека е точно и дека има такви пациенти, но и дека има грешки во системот.




