За злоупотреба на службена дејност поднесена е пријава против директорката на Националната агенција за европски образовни програми, изјави синоќа во гостување на ТВ24, јавниот обвинител Љубомир Јовески.



Финансиска полиција најави, а во меѓувреме мислам дека е и доставена пријава до обвинителството за случајот со Лидија Димова, рече Јовевски според кој станува збор за 4 казнени дела од кои 2 направила Димова.

„ Основата на казнените дела е злоупотреба на службената дејност“ – рече Јовески, додавајќи дека во пријавата е опфатен веќе познатиот случај „Фризерница“, но и други случаи во чии рамки се извлечени 15 илјади евра од касата на Агенцијата.