Пред неколку дена во Управниот одбор на Фондот за иновации дена владата именувала седум члена. Еден е преведувач, има социолог, политиколог, инженер, а за еден член нема никакви податоци за образованието.
Експертите се со став дека за избор на членови во државни органи предност треба да имаат лица кои имаат познавање на дејноста со која се занимава институцијата.
„Принципот кој Владата треба да го има за изборот е да низ оглас, низ интервјуа, проверка на стручноста да ги избере најквалитетните луѓе коишто ќе изразат интерес за учество во ваквите раководни тела“, вели Миша Поповиќ, од Институт за демократија за Алсат М.
Освен именување на членови на Управни одбори, владата синоќа назначи и дел од директорите кои ќе раководат со државни фирми, агенции и институции. Според достапните информации, може да се забележи дека и кај поголемиот дел од новите функционери, образованието не соодветствува со новиот ангажман кој го добија од Владата.





