Операторите пак ќе ги „затемнат“ екраните!?

Во првите денови на ноември, кабелските оператори најверојатно повторно ќе ги исклучат телевизиските канали.



Причина за тоа е фактот што и новата Влада не го реши проблемот со спорниот Закон за медиуми, кој на кабелските оператори им налага обврска да гарантираат за авторските права на програмите кои само ги реемитуваат, и за тоа да сносат кривична и материјална  одговорност. Ова закоско решение е донесено на почетокот од годинава.

Владата во јуни годинава донесе Уредба со законска сила, со која времено се одложи проблемот со реемитувањето на телевизиските канали. Уредба беше донесена од причина што во тој период важеше вонредна состојба во земјава.

Во ноември тој рок истекува, пишува Фактор.