Премиерот Зоран Заев за ТВ21 изјави дека немал директни контакти со Спасовски надвор од протоколите, но и дека ќе направи тест за Ковид-19.
„Немав директни контакти со Оливер Спасовски надвор од здравствените протоколи за лична заштита. Секогаш држевме дистанца и секогаш носевме маска согласно здравствените протоколи.
Односно, додека еден зборува без маска на лицето, другите носат маска, иако се одржуваже и неопходната дистанца.
Сепак, тест секако ќе направам, затоа што така е паметно и одговорно“, рече Заев.
Министерот за внатрешни Оливер Спасовски кој присуствуваше на конгресот на СДСМ во неделата, вчера објави дека е позитивен на Ковид-19 и е во самоизолација.






