Германски политичар починал за време на интервју

Германските медиуми пренесуваат дека ненадејно починал потпретседателот на Германскиот Бундестаг, Томас Оперман (66).



На политичарот од редовите на СДП вчера му се слошило во текот на снимањето за ТВ „ZDF“, и бил итно префрлен во болница.

Оперман кон крајот на август најавил дека нема да се кандидира на претстојните парламентарни избори.