Бес, лутина и свирежи, Скопје стои и “на зелено” (ВИДЕО)

Видеото ни го испрати бесен Скопјанец кој тврди дека во неговиот град автомобилите мораат да чекаат дури и кога семафорите светат во зелена боја.



Застојот кој го забележал со видео снимка се случил вчера на булеварот 8 Септември кој минува пред хотелот Александар Палас околу 17 часот кога се создала огромен метеж во овој дел од градот.

Причината за застојот и незадоволството на возачите е што градот Скопје одеднаш ги асфалтира двете страни на булеварот со што се отежна сообраќајот и на патот што води кон косовската граница.

Досега никогаш градските власти одеднаш не асфалтирале две страни на иста улица поради опасноста од закрчување на сообраќајот.

Граѓани на социјалните мрежи се жалат дека поради лоша организираност Скопје е во метеж на повеќе локации каде се врши санирање на коловозот.

Видеото на линкот

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2823260391278701&id=1915590235379059&sfnsn=mo