Министерот Спасовски позитивен на коронавирус

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук синоќа соопшти дека е позитивен на Ковид-19, ден по конгресот на СДСМ.



„И покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19“.

Тој вели дека клиничката слика му е добра, има благи симптоми и веќе се наоѓа во домашна изолација.