Градоначалникот на Скопје им одговори на пожарникарите кои вчера мирно протестираа во Бригадата во Автокоманда, со барање во платата за октомври да биде внесен додатокот за опасност при работа.



„Работиме на изнаоѓање на системско решение како би се надминал проблемот, до тогаш градот и да сака не постои начин како дa ја врши оваа исплата.

Ако некој смета дека му е мала платата во противпожарната бригада, додека не го најдеме системското решение, во секое време може да си побара работа на друго место“ им порача Петре Шилегов. Плусинфо

Поѓарникарите се заканија дека ако не добијат позитивен одговор, ќе протестираат пред седиштето на Град Скопје.