Американската пејачка Бебе Реџа им се придружи на сонародничките Албанки по потекло и естрадни колешки Дуа Липа и Рита Ора во присвојувањето на ајварот.
Таа на Инстаграм објави видео на кое мачка парче леб со ајвар и коментира дека станува збор за „албански специјалитет што сите го сакаат“, кој „добро оди со јајца“.
Бебе Реџа, чие вистинско име е Блета, е родена во Њујорк, а родителите ѝ се Албанци од Македонија. Татко ѝ емигрирал во САД од Дебар кога имал 21 година, а мајка ѝ е по потекло од Гостивар, а родена е во САД.
Бебе Реџа го напиша еден од најголемите хитови на Ријана, песната „Монструм“, изведена во дует со Еминем, а автор е и на песни на повеќе други ѕвезди, како Дејвид Гета. Позната е и по песната со Ники Минаж.





