Кандидатот за претседател на САД во Демократската партија, Џо Бајден, во текот на тековната изборна кампања потрошил повеќе пари за телевизиско и електронско рекламирање отколку кој било друг претседателски кандидат во историјата на САД.



Кампањата на Бајден за претседателските избори во ноември досега потрошила повеќе од 582 милиони долари за ТВ рекламирање, соопшти Advertising Analytics , додавајќи дека кампањата на неговиот противкандидат Доналд Трамп досега чинеше околу 342 милиони долари, јавуваат медиуми.

Според вашингтонскиот дневен весник „Хил“, само во изминатите седум дена, изборниот штаб на Бајден потрошил околу 45 милиони долари на телевизиски настапи.