Премиерот на Бугарија Бојко Борисов е позитивен на Корона, резултатот го потврди на социјалните мрежи.
„По направени два ПЦР тестови од денеска сум позитивен на Ковид-19. Чуствувам општа слабост, во моментов по проценка на лекарите останувам на домашно лекување“, напиша Борисов на ФБ како што пренесе БГНЕС.
Како што претходно беше најавено, во рамки на македонско-бугарското ко-претседавање со Берлинскиот процес 2020, премиерот Зоран Заев на почетокот на ноември ќе престојува во Софија, каде на 11 -ти ќе има средба со неговиот бугарски колега Борисов.
На средбата се очекува да се постигне одредено приближување на позициите околу спорните прашања меѓу двете земји поврзани со историјата, јазикот нацијата кои ги проблематизра бугарската страна.




