Пријател на Митко Јанчев тврди дека кандидатот за лидер на ВМРО-ДПМНЕ работи за СДСМ (ВИДЕО)

Градоначалникот на Кавадарци кој деновиве најави дека ќе се кандидира за лидер на ВМРО-ДПМНЕ на конгрес на кој треба да гласа целото членство работел за СДСМ.



Ова го тврди неговиот пријател и генерален секретар на Алијансата за Албанците Арбен Таравари.

Таравари кој вели дека е личен пријател со градоначалникот на Кавадарци во интервју за емисијата “Што не е јасно” со Искра Коровешовска на Алфа ТВ изјави дека не само Јанчев туку и дел од екс пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и други партиски структури работеле за СДСМ на парламентарните избори.

Целата емисија на ТВ Алфа

https://www.facebook.com/AlfaTV.mk/videos/396077151552129/