Според анкетата спроведена од YouGov на над 7.000 возрасни лица во седум европски земји (Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија, Италија, Данска и Шведска), Европејците посакуваат демокарсткиот кандидат уи поранешен амаеррикански потпретседател Џо Бајден да го победи актуелниот американски опретседател Доналд Трамп на изборите на 3-ти ноември..



Данска најмногу ја сака победата на демократскиот кандидат, ду 80 % од испитаниците, додека само 6 проценти од оние кои сакаат нов мандат на Трамп.

Трамп најдобро се котира во Италија, но дури и во таа земја 20 проценти се за продолжување на неговиот мандат, додека 58 проценти му посакуваат победа на Бајден.

Повеќето од испитаниците изразија сомнеж во американскиот изборен процес. Само нешто на 11 проценти очекуваат изборите да бидат „целосно слободни и фер“.

Само 5-15 проценти од Европејците го оценија Трамп како добар претседател, во споредба со огромното мнозинство во секоја земја, од 61 процент во Италија до 82 во Данска кои сметаат дека тој е „лош“ или „страшен“.