А днан Мемед, близок соработник и пријател на Амди Бајрам, преку социјалните мрежи ги повика граѓаните да се приклучат на денешната погребна поворка која ќе тргне од куќата на Бајрам во Бутел кон неговото вечно почивалиште.



„Амди Бајрам им помогна на сите! Амди Бајрам беше другар со сите! Соработник, пријател, партнер и народен човек!!!

Ги повикуваме сите кои го почитуваат ликот и делото на Амди Бајрам! Ги повикуваме сите на кои им помогна, роднини, пријатели, политичари, бизнисмени, организации и сите Роми и не-Роми, за последен пат да го испратиме до вечниот дом, затоа што заслужува, затоа што беше голем Ром и пред се голем човек! Телото на Амди Бајрам ќе биде погребано на градските гробишта во Бутел! Поворката ќе тргне од 14.00 часот од семејната куќа во општина Бутел“ – напиша Мемед.