Спикерот Талат Џафери во денешното интервју за Радио Слободна Европа рече дека според Уставот, Собранието работи само во собраниската зграда.



Ставот на спикерот е во спротивност со препораката на Владата и Собранието да работи онлајн, на што се спротивстави опозицијата.

Џефери вели дека треба да се донесат неколку значајни законски измени, а на владеачкото мнозинство му се потребни сите пратеници.

„Затоа сега кога се најдовме во оваа ситуација е неопходно да размислиме да имаме резервни правила како и на кој начин би ја извршиле нашата функција и во такви услови, а не тоа да биде замена за редовната работа. Но во секој случај пратениците, субјектите, политичките партии имаат за право да имаат пристап онаков каков што пристапиле кон оваа идеја. Јас опстојувам на фактот дека ако не сега, во идно време ќе мора да имаме алтернативни решенија за алтернативна работа во алтернативни услови. За нормални услови кој нормален човек би побарал да си работи од дома? Но ситуацијата наметнува да размислуваме и за тоа“, рече Џафери.