Франција го повлекла својот амбасадор во Анкара со што ја продлабочи дипломатската војна меѓу две од најважните членки на НАТО.
Чекорот на Париз доаѓа по навредите за францускиот претседател Макрон од неговиот колега Ердоган.
Париз вели дека амбасадорот е повлечен на консултации по неприфатливите коментари од турскиот претседател.
Ердоган од собир во градот Кајзери рече дека на Макрон му е потребен здравствен психички тест.
“Што може да се каже за шеф на држава кој третира милиони членови на друга верска група на овој начин: Пред се психички проверки. Кој е проблемот на индивидуалецот Макрон со исламот и со муслиманите “, рече Ердоган во ТВ обраќањето за Макрон за кого не верува дека ќе победи на изборите во 2022.
Кабинетот на Макрон одговори веднаш нарекувајќи ги коментарите неприфатливи.
“Коментарите од претседателот Ердоган се неприфатливи, ексцесите и навредите не се соодветен метод. Бараме Ердоган да го промени курсот на неговата политика поради опасноста во секој поглед”, изјавил за случајот анонимен извор од кабинетот на Макрон кој потсетува дека официјален Париз забележал дека Анкара не испратила порака со сочувство и поддршка по инцидентот во кој чеченски исламист обезглави француски учител кој на ученици покажувал слики од Алах.
Двете важни членки на НАТО предходно имаа конфликт за неколку други прашања: за морските права во Источниот медитеран каде Париз е на страната на Грција, за Сирија, за Либија како и за конфликтот во Нагорно Карабах.
Освен за навредите кон Макрон, Париз е загрижен и за повиците од Анкара за бојкот на француски производи.





