Премиерот Зоран Заев да го каже неговиот став за Гоце Делчев и за македонскиот јазик, побара опозициската ВМРО-ДПМНЕ која прашува зошто нема реакција на бугарските понижувања особено по последната изјава од страна на тамошниот министер за одбрана, Каракачанов.
„Зошто владата не упати протестна нота до Бугарија по изјавата на Каракачанов дека ќе испрати армиски полк да ги руши спомениците на македонските револуционери во Скопје?!
Дали господине Заев тргувате со Гоце Делчев и со македонскиот јазик?!
И дали потклекнувате пред бугарските закани?! Вашето виткање на кичма резултира со понижена Македонија“, праша Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.





