Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска изјави дека е во самоизолација затоа што бил во контакт со заменик министерот за градежништво Николај Нанков, кој е позитивен на коронавирусот.

„Имам негативен ПЦР тест од утрово. Тестот беше направен пред мојата средба со делегацијата на САД. Пред меѓународните средби и патувања, според барањата на релевантни безбедносни делегации.
Во 16 часот денеска бев информиран од заменик-министерот Нанков дека е позитивен на ковид-19. Очекувам насоки од здравствените власти, а дотогаш ќе бидам во самоизолација. Со него последен пат бев во контакт пред 5 дена“, објави Борисов на својот официјален фејсбук профил.





