Партијата на Зијадин Села очекува СДСМ да се дистанцира од изјавата на градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ со која, според нив, тој искажал „дека не ја признава државата Косово, дури тврдејќи и дека „Косово е Србија”, а покрај тоа што е скандал за официјално лице бидејќи е во спротивност со јавниот државен став, тоа истовремено е и навреда кон чувствата на Албанците во Македонија.
„Доколку оваа Влада навистина сака да докаже дека е внимателна во однос на меѓуетничките односи, ќе мора да најде механизам за разрешување на Богданови“ велат од Алтернатива и се закануваат дека во спротивно „ тоа ќе биде поттик ние да бараме други модалитети со цел да се исправи оваа навреда кон Албанците и, воедно, спротивен став на нашата надворешна државна политика”, се наведува во соопштението на Алтернатива.





