Професорот од универзитетот Оксфорд Џејмс Петифер кој детално ги следи состојбите во земјава коментира по текст на весникот Financial Times кој објави анализа во која се објаснува потребата од спроведување попис во Македонија.
“Попис е потребен. Но тој ќе биде бесцелен без детална меѓународна супервизија за да се запрат манипулациите на малцинствата со бројот на присутни граѓани”, смета британскиот академик кој со децении работи на проекти поврзани со Балканот и ги познава приликите во регионот а важи за лобист на албанската заедница.
Со својот коментар Петифер алудира на шпекулациите дека во моментов се работи на политички договор со кој Албанците во Македонија ќе бидат прикажани над реалната бројка која навистина живее во земјата со цел да се избегнат дебати околу уставните права кои им следуваат како заедница со над 20 проценти од населението.
Оргиналниот коментар на Петифер на англиски јазик:
It does. But it will be useless without detailled international supervision to stop minorities manipulating the resident numbers




