Полициски службеници интервенирале и синоќа околу 21 часот, прекинале свадбена веселба во угостителски објект во скопско Арачиново..
Во објектот биле затекнати околу 200 лица.
Во неделата полицијата прекина свадба и во скопското село Глумово.
Свадбите и други семејни веселби и собирања се забранети од почетокот на епидемијата на Ковид -19 во земјава, а за прекршителите на овие забрани ќе следуваат соодветни пријави.





