Бугарски научник: Тоа е што Бугарија и го прави на Македонија е срамно

Бугарскиот професор Димитар Бечев од Институтот за Европски политики од Софија со контроверзна изјава за македонско – бугарските односи во последниве години.



Од една страна Бечев вели дека срамен е односот на Софија кон Скопје а од друга страна ги споредува видните Срби од Црна Гора со познати Бугари родени во Македонија.

“Листата на проминентни Бугари родени во Македонија е најмалку долга како таа со проминентни Срби кои доаѓаат од Црна Гора. Сепак тоа што Бугарија и го прави на Македонија овие денови е срамно и нечесно”, вели Бечев кој е одличен познавач на состојбите на Балканот а соработува со врвни западни универзитети и невладини организации.