Многу македонски граѓани па дури и владата реагираа на најавата – провокација на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов за испраќање на бугарски војници во Македонија.
Меѓу нив малку на шега а малку и на вистина реагираат и припадници на српската етничка заедница во Македонија кои се испровоцирани од бугарскиот вицепремиер.
Политичкиот аналитичар и уредник на порталот српскареч.мк Миодраг Тричковиќ на свој духовит начин ја коментира изјавата на Каракачанов.
“Иде Каракачанов?… Добро. :)”, напиша Тричковиќ објавувајќи слика на која е поставена традиционална српска капа шајкача со кокарда.
Бугарија со децении тврди дека Србија е таа која што успеала да ги конвертира “македонските Бугари” во Македонци.
По бугарската окупација на Македонија во 1941 година од новите окупирани територии бугарските власти протерале илјадници колонизирани Срби а на смрт се осудени десетици луѓе кои биле дел од српската кралска администрација.
Предходно српските власти од 1918 до 1941 на територијата на Македонија прогонувале илјадници луѓе кои биле за независна македонска држава но и други осомничени за пробугарски активности.
На коментар на корисник на Фејсбук на дека од ова однесување на Тричковиќ ќе се исплашат и Македонците тој вели дека Србите во Македонија се со Македонците.





