Пендаровски се запознал со КСПЦ Јадро основан од негова советничка

Шефот на државата објави дека денеска лично добил информации како функционира една засега за јавноста малку позната организација која работи на промоција на прогресивна култура .



“Денеска непосредно се запознав со начинот на функционирање на Културно-социјалниот простор Центар – Јадро. Креирајќи програми за развој и афирмација на уметнички и социокултурни практики, Центар – Јадро промовира инклузивна, демократска и прогресивна култура”, објави Пендаровски на социјалните мрежи.

Пред десетина дена општина Центар објави дека официјално започнал со работа Културно-социјалниот простор (КСП) „Центар-Јадро“, институција создадена со цивилно-јавно партнерство создадена низ партнерство помеѓу Општина Центар и Јадро Асоцијацијата.

Меѓу основачите и членовите на управувачките органи на „Центар-Јадро“, е советничката на култура на Стево Пендаровски Искра Гешовска.