Во болницата во Кичево нема соодветен простор па изминатите неколку месеци за прием на пациенти сомнителни на Ковид 19, се користи шатор, јавува Алсат.
„Фактички пациентите кои имаат симптоми на ковид 19,ние со договор или со протоколот задолжени сме да ги пријавуваме во ковид центрите ви Битола, Охрид или Гостивар. За жал последните дена одбиени сме бидејќи нема место таму, и пациентите од Кичево се оставени на ,милост на судбината и среќата. Ги повикувам институциите што по брзо да преземат нешто. Да се направи импровизирана болница каде можат пациентите да добијат помошта, односно терапија со инфузија“, вели Генц Селмани-лекар во приватна амбуланта.
Кичево е единствениот од поголемите градови во Македонија каде нема ковид центар за лекување на пациентите инфицирани од Ковид 19, предупредуваат лекарите.





