Во Македонија времето е и премногу топло. Метеоролозите за летово погодија дека ќе има високи температури, повисоки од вообичаениот за овој период. Во вакви услови, потребно е многу да внимаваме како се храниме и што внесуваме во организмот.
Во овој период се препорачува да избегнувате масна, пржена и зачинета храна. Се препорачува внесување на многу свежо овошје и зеленчук кои ќе го подобрат здравјето и ќе ни дадат сила во топлите денови.
Потребно е да јадете лесен оброк, па се препорачуваат салати, двопек, овошни салати, а секако потребен е и внес на многу вода, природни сокови или природни ледени чаеви кои ќе ви ја изгаснат жедта.

За време на горештините можете да си дозволите и да се разладите со нискокалоричен сладолед. Идеален начин да го започнете денот е со добро смути. Особено внимавајте на хигиената, а сè што ќе внесете треба да биде свежо и добро измиено.





