Македонија е земјоделска земја, не сме буржуаска средина и затоа проектот од типот на тренинг на магаре беспотребно се вулгаризира, изјави во гостување на 24 Анализа, политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ.
Тој образложи дека не се работи конкретно за магаре, туку идејата на проектот е 70 дечиња да се носат на обука заедно со професорите во Хрватска и Грција, зашто таму имаат инфраструктурни подрачја за одгледување на такви магариња од кои може да се добие млеко и да се прави сирење.
„Проектот има конкретни цели и идеи. ЕУ поттикнува и мотивира да се работат такви проекти и самиот завршен проект кога ќе дојде ќе биде тоа млеко како финален производ..“ – рече Јовановиќ. Тв-24
Дојче веле пред две години пишуваше за првата фарма за одгледување магариња во Македонија…




