Здравствените власти во Бразил денес објавија дека волонтер кој учествувал во тестирање на вакцината Оксфорд против вирусот корона починал, пренесува Ројтерс.
Универзитетот во Сао Паоло, кој помага во координирање на развојот на третата фаза на вакцината Оксфорд во Бразил, откри дека пациентот бил државјанин на Бразил.
Третата фаза од вакцината за коронавирус, која заеднички ја развиваат Универзитетот во Оксфорд и компанијата „АстраЗенека“, беше суспендирана за одреден период на почетокот на септември, бидејќи учесник во истражувањето имаше сериозна реакција на вакцината.
Кај пациентот се појави попречен миелитис, односно воспаление на ‘рбетниот мозок. Иако „АстраЗенека“ изјави дека станува збор за „необјаснета“ болест,„Њујорк Тајмс“ напиша дека британската група испитаници има воспалителен синдром кој влијае на ‘рбетниот мозок и може да биде резултат на вирусна инфекција или автоимуна болест. Телеграф.рс




