Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на ковид-19 од кои 325 во Скопје.
Починале 12 лица: Тројца пациенти од Скопје (52, 73 и 85), еден од Куманово (59), двајца пациенти од Прилеп (78 и 75), двајца од Велес (61 и 62), двајца пациенти од Гостивар (43 и 76), еден од Струмица (66) и еден пациент од Свети Николе (69).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24.836, бројката на оздравени пациенти е 17.905, на починати е 862, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6.069“, се вели во соопштението на Министерството за здеавство.






