Бродиќ за „ненадлежната“ Влада за Тозија: Северен Апсурдистан

Хрватскиот аналитичар и познавач на состојбите во Македонија, Иван Бродиќ, реагира за прогласувањето на Владата на Зоран Заев за ненадлежна за барање одговорност од в.д. директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија, по обраќањето до неа од Државната комисија за спречување корупција.



„#КакваЕОвааСитуација Антикорупциската комисија барала смена на Горјан Тозија. Меѓутоа, Владата на Македонија се прогласила ненадлежна за челното место на сопствената Агенција #СеверенАпсурдистан Да ги додадеме кон тоа меѓународните скандали со Андреј Пленковиќ и Јанез Јанша (премиерите на Хрватска и на Словенија – н.з.)“, коментира Бродиќ на Твитер.