Новиот портпарол , Душко Арсовски, вели дека Владата е отворена во секој момент да разговара за суштински за решенија за декриминализација и депенализација на марихуаната, преку измени во Кривичниот законик и Законот за прекршоци.
„Потребно е секако да има широка стручна дебата каде ќе бидат вклучени сите засегнати страни, институции, граѓански здруженија, медицинската фела. Треба да се видат ефектите од користењето, понатаму системот за контролирање, како ќе се контролира и изведе ова. Ова е процес во кој неопходен е ставот на сите. Предложено од Владата е донесување на измени и дополнување на Законот за опојни дроги, ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели, со кои ќе се поттикнат нови инвестиции и нови работни места“, изјави Арсовски.
Инаку, Министерството за здравство досега има издадено 55 одобренија на фирми за одгледување канабис за медицински цели, додека 17 чекаат одобрение.





