Опозициската ВМРО-ДПМНЕ му предложила на министерот за здравство Венко Филипче, да се формира специјална државна комисија за заштита и борба против пандемии и епидемии.



„Предложивме таа комисија да брои 11 члена по функција тука би биле министерот за здравство и директорот за Центарот за управување со кризи, а внатре би членувале специјалисти инфектолози 3 членови, епидемиолози 2 членови, микробиолози 2 членови имунолог еден член и специјалист интернист еден член“, соопшти на денешната прес конференција“, Антонио Милошоски.

Тој рече дека биле разочарани што министерот за здравство ја одбил нивната идеја.

За СДСМ предлогот е неприфатлив и оценуваат дека „специјална комисија на ВМРО-ДПМНЕ е деструкција“.