Режисерот Наум Пановски со порака до бугарските власти кои се упорни на Македонија и Македонците да им го одземат правото на самоопределување и посебност ако сакаат да почнат преговори со ЕУ.
“Погледнете си го својот бугарски двор, бугарски” ангели на власт. И очистете си ги фашистичките авгиеви штали од кои се шири неснослива реа. Вашиот фашизам смрди до Бога”, пишува Пановски.
Реѓисерот во обид да објасни кој е општествениот наратив зад бугарските барања Македонија да се откаже од националниот идентитет и јазик споделува линк од американски документарен филм кој зборува за поврзаноста меѓу мафијата и политиката во Бугарија.




