Хранливо и вкусно јадење кое ви го препорачуваме да го подготвите како главен оброк во текот на денот.
Состојки:
-500 грама месо телешка кртина
-1 главица кромид
-1 чешне лук
-500 грама бамји
-2 домати

Начин на подготовка:
Телешкото месо се сече на парчиња.
Месото се пропржува заедно со кромидот и лукот.
Во тенџерето се додава бамјата, доматите кои претходно ни се испасирани, 1 мала лажичка вегета, црн пипер, црвен пипер, како и 1 мала чаша вода. Убаво промешајте. Се вари помеѓу 30 и 40 минути.





