Поделбата на директорските места меѓу владините партнери СДСМ и ДУИ е завршена и предлозите за нови директори во државните претпријатија треба да бидат именувани од Владата, дознава Фактор.
Фестим Халили, досегашниот директор на Македонски Железници треба да биде директор на Агенцијата за електронски комуникации.
Фатон Положани е избор за директор на Македонски Железници.
Ејуп Рустеми, досегашниот директор на Пошта на с Македонија ќе седне во фотелјата на Зоран Китанов во Агенцијата за државни патишта.
Беким Мемети ќе биде директор на Македонија Пат,
Фатон Ахмети ќе биде директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Лирим Шабани треба да е директор на Агенцијата за лекови Малмед,
Бесим Кока, ќе биде директор на МЕПСО.





